ММФ предупредува: „Ризичната валута, не треба да се користи“



ript>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека Ел Салвадор не треба да користи биткоин како законско средство за плаќање поради ризиците поврзани со таа криптовалута.


 

„Со оглед на високата нестабилност на цената на биткоинот, неговата употреба како законско средство за плаќање повлекува значителни ризици во однос на заштитата на потрошувачите, како и финансискиот интегритет и финансиската стабилност“, конечниот извештај на тимот на ММФ за неодамнешната редовна мисија спроведена во Ел Слвадор под Член IV.

„Употребата на биткоин, исто така, води до потенцијални фискални обврски. Поради овие ризици, биткоинот не треба да се користи како законско средство за плаќање“, рече ММФ, повикувајќи ја владата да го стесни законот за биткоин и да ја зајакне регулативата и надзорот на новиот платен екосистем.
ММФ редовно спроведува мисии според член IV од Статутот во земјите-членки за да се консултира со владините претставници пред нивното барање за користење на Фондот.

Никој не знае што прави „ангелот“, зачудени се експертите.

Ел Салвадор стана првата земја во септември што го усвои биткоинот како законско средство за плаќање, покрај американскиот долар.

Изјавата на ММФ дојде само два дена откако претседателот Наџиб Букеле објави дека Ел Салвадор планира да го изгради првиот „биткоин град“ во светот, при што проектот првично беше финансиран со издавање на биткоин обврзница.

Букеле рече дека градот ќе се снабдува со енергија од блискиот вулкан и нема да има други даноци освен данокот на додадена вредност.

Салвадорскиот претседател се залагаше за усвојување на биткоин како законско средство за плаќање, тврдејќи дека тоа ќе им олесни на милиони граѓани на Салвадор кои живеат во странство да испраќаат дознаки дома и дека ќе поттикне финансиска вклученост, инвестиции, туризам и развој на земјата.