ММФ наесен со нова регионална канцеларија за Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе отвори нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и
Република Северна Македонија. Со седиште во Виена, новата канцеларија ќе помогне во одржувањето на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Новата канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.

Србија и Босна и Херцеговина, кои имаат активни програми со ММФ, ќе останат со свои претставници.

-Оваа нова канцеларија во Виена ќе биде важен дел од нашите тековни односи со овие четири земји, бидејќи тие се стремат кон пристапување во Европската унија, изјави заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, по состанокот со гувернерот на австриската Народна банка, Евалд Новотни и Харалд Веиглаин, генерален директор во Министерството за финансии, во Виена.

Тој додаде дека поставувањето на канцеларијата како регионална е финансиски оправдано и му помага на Фондот да биде блиску до неговите членки во регионот и водечките развојни партнери.

Канцеларијата ќе започне со работа на есен, а точниот датум дополнително ќе биде објавен.

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]

Вести

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Русковска

Осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. – Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ […]