Министерката Ангеловска на финансискиот форум „Еуромани“


– Mинистерката за финансии Нина Ангеловска учествува на 25. финансиски форум на Централна и Источна Европа „Еуромани“, на панел-дискусијата на министри на која ќе бидат дискутирани влијанието на евроинтеграциите на бизнис-климата во земјата и на потенцијалните инвеститори, економските движења, како и потенцијалот на е-трговијата да придонесе во развојот на економијата.

На панел-дискусијата ќе учествуваат и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.

Ангеловска, исто така, ќе учествува на панел-дискусијата организирана од страна на Уникредит на тема „Фискални предизвици во изборна година“, на која ќе се зборува за јавните инвестиции, за наплатата на приходи, како и за фискалните проекции.

На маргините на форумот, Ангеловска ќе оствари средба со Јирген Ригтеринг, прв потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На средбата ќе стане збор за досегашната соработка на земјава со банката, за тековните проекти, како и за идни проекти што ЕБОР би можела да ги финансира, соопшти Министерството за финансии.

На 25. форум „Еуромани“ има над 1 000  учесници – министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и инвеститори, меѓу кои и гувернерката на нашата Централна банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Како што најави НБРМ, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде говорничка на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат предизвиците за глобалната економија и економиите на ЦИЕ оваа година, во контекст на поставеноста на монетарната политика и очекуваните движења на финансиските пазари. Предвидено е да се разговара и за приоритетите во унапредувањето на супервизијата на банкарските системи во регионот и во активностите за намалување на готовината во економиите.

Во рамките на форумот ќе се разгледаат и други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што ќе им биде посветено внимание и на принципите во управувањето со ризиците во банкарското работење, како и на развојот на финтек-секторот и предизвиците што тој ги носи со себе, од една страна за платните системи, а од друга страна и за банкарскиот сектор. Ангеловска-Бежоска активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од тие прашања.

„Еуромани“, поради форматот и големиот број учесници, е еден од најважните настани од економијата и финансиите во регионот на ЦИЕ и претставува одлична можност за средби помеѓу носителите на политиките, како и претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и инвеститорите.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]