Милошовски: Фирмите не ја користат доволно арбитражата за решавање спорови


Ограничувањето на висината на судските такси е една од причините поради кои компаниите недоволно користат арбитража за решавање на спорови, сметаат од Сојузот на стопанските комори на Македонија и најавуваат дека во Министерството за правда ќе иницираат измени на Законот за судски такси.

– Во овој момент сметаме дека судските такси се релативно ниски, ограничувањето на најголема висина на судска такса на 48.000 денари е една од причините зошто компаниите не доаѓаат на арбитража. Сепак довербата во судовите е поголема и нивниот одговор секогаш е зарем за толку малку трошок ќе одам на суд и ќе добијам одлука кога сепак редовен суд ми носи одлука. Затоа ќе дадеме идеи до Министерството за правда во делот на измена на Законот за судски такси, рече денеска на прес-конференција Александар Милошевски, потпретседател на ССК.

Милошоски ги пренесе искуствата во Бугарија, посочувајќи дека таму нема огрничување на висината на судската такса и се работи според процент од вредноста на спорот. – Како резултат на тоа арбитражните судови во Бугарија работат многу повеќе и имаат голем број предмети, што се надевам во идниот период ќе биде и кај нас,односно ќе има поголем ефект и на нашиот и на другите арбитражни судови во државава, наведе Милошоски.

Предностите на арбитражата, дополни, се во брзината на решавање на споровите затоа што кога се оди на суд има подолг период од година, има право на жалба и натамошните постапки го одоговлекуваат решавањето на спорот, за разлика од арбитражата каде се носи една конечна одлука. – На пример, за спор во вредност од неколу милиони евра, тужителот за судска такса треба да уплати 48.000 денари и ќе каже – зошто да одам на арбитража, ќе одам на редовен суд, бидејќи сепак е судска одлука. Со нашата заложба за афирмација на арбитражата се надеваме дека ќе успееме компаниите да имаат поголема доверба во арбитражата и да сфатат дека таа може само да им донесе бенефити, посочи Милошоски, дополнувајќи дека истовремено придобивка ќе има и државата затоа што ќе се намали бројот на судски предмети, па судовите ќе бидат помалку оптоварени со работа и ќе делуваат побргу за останатите предмети.

Од ССК сметаат дека арбитражата недоволно е искористена од малите и средни компании, иако е еден од најдобрите и најбрзите начини за решавање на стопанските спорови. Ефикасноста во решавањето на предметите на странките по пат на арбитража, укажуваат, им овозможува заштеда на трошоци и време и поголема сигурност во постапката. Брзината е една од најголемите предности на арбитражата, споровите се решаваат вообичаено во рок од три до девет месеци, при што се избегнуваат сите непотребни формалности и долгите судски спорови.

Во последните години се повеќе компании при склучување на договорите вметнуваат клаузула за решавање на деловните спорови по пат на арбитража како алтернатива за спогодбено надминување на спорот, но не доволно.

Во светот 80 проценти од стопански спорови се решаваат по пат на арбитража, а во САД и до 90 проценти од споровите завршуваат на арбитража.

Вести

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но […]

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]