Мерката „гарантирана цена“ дава резултат, паѓаат цените, се грижиме за стандардот, велат од СДСМ

Мерката-„гарантирана-цена-дава-резултат-паѓаат-цените-се-грижиме-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владејачката СДСМ соопшти дека мерката „гарантирана цена“, што ја вовеле како партија, а е за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.


Оттаму додаваат дека цените паѓаат на стотици основни прехранбени производи.

„Граѓаните по пониски цени купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли. Овие производи во маркетите се обележани со „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август.

За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40%. Во наредниот период следува намалување и на цените на пијалаците“ велат од партијата.

Исто така, наведуваат дека инспекциите се на терен и проверуваат дали мерката за намалување на цените доследно се спроведува.

СДСМ со конкретни мерки и политики се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард, порачаа од владејачката партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK