Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд поддржувач на 11та меѓународна конференција за човечки ресурси во Скопје


(Скопје, 13.05.2019) – Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, неколку години по ред е поддржувач на Меѓународната конференција за човечки ресурси, која оваа година ќе се оддржи на 20-ти мај 2019 година во хотелот DoubleTree by Hilton, Скопје.

Како претставник на Факултетот и предавач на 11тата конференција за човечки ресурси, ќе се обрати д-р Џорџ Павлидис – Директор на програмите за пост-дипломски студии за невропсихологија во одделот за психологија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ – Грција. На годинешната конференција, д-р Павлидис ќе го сподели неговото искуство во однос на предизвиците и можностите при справување со стареењето на работната сила.

„Демографската промена на стареењето на населението во Европа носи повеќе предизвици и уникатни можности во корпоративната средина низ целиот свет. Затоа, на презентацијата ќе се анализираат главните предизвици, како потпирањето на организациите на постарите работници а за кои можеби не се подготвени, подеднакво голем предизвик е зголемувањето на стапките на пензионирање што потенцијално може да доведе до масовна интелектуална капитална загуба и тоа во вештини, знаења и искуства, а истовремено здравствените и пензиските шеми значително ќе ги зголемат барањата за финансиски средства”, стои во најавата за предавањето на директор д-р Џорџ Павлидис.

Во своето предавање, д-р Павлидис ќе ги претстави можните начини за решавање на овие предизвици преку истражување на неколку краткорочни и долгорочни стратешки цели, искористување на човечкиот капитал на постарите работници, спроведување на континуиран професионален развој на работното место, спроведување на стимуланси за промоција на здравјето и повторно размислување за шемите за соработка пред и после пензионирање.

Универзитетот Шефилд е рангиран меѓу првите 100 универзитети ширум светот (22 во Европа, 75 во светот – според рангирањето QS за 2019 година). Постојат 6 академски факултети, пет во Велика Британија и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ во Солун, Грција. СИТИ Колеџ спроведува програми на Универзитетот Шефилд во Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ речиси три децении, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и стекнат дипломи од врвниот британски универзитет.

Повеќе информации за учество и во врска со 11-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси се достапни на следниов линк.

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]

Вести

ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на Законот за јазиците, партиите на Албанците против негова измена

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека многу скоро ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците, со кои, како што велат од партијата, ќе значат негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија. Претседателот на […]

Вести

Илиевски најави кривична за Инспекцискиот совет зашто не постапил по одлуката на Антикорупциска

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката […]