Mеѓународна конференција „Жени во индустријата“

Mеѓународна конференција „Жени во индустријата“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Асоцијацијата на здруженија на инженери и ЕВН Македонија АД.

Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

Образование, регрутирање и вработување, развој на кариера, ангажирање и задржување на вработените се само некои од темите на кои ќе дискутираат водечки експерти во различни области од Северна Македонија, Австрија, Италија, Холандија и од Шведска.

Конференцијата е најавено да ја отвори премиерот Зоран Заев.

– Горди сме што веќе трета година по ред ја организираме оваа меѓународна конференција, чија главна цел е промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на улогата на жената во општеството. Годинава вклучуваме и повеќе индустрии во кои доминира машкиот пол, а во фокусот се вмрежувањето и запознавањето со светските трендови, по примерот на водечките компании и експертите од различни области. Со Асоцијацијата на здруженија на инженери како наш стратегиски партнер и останатите поддржувачи на настанот продолжуваме да ги поттикнуваме сите засегнати страни проактивно да земат учество во охрабрувањето и зајакнувањето на позицијата на жената во општеството, особено во бизнис-секторот, истакнува Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Жени во индустријата“ е меѓународна конференција со економски императив за создавање родово инклузивен и одржлив раст, фокус на презентирање програми и иницијативи што го забрзуваат вклучувањето на жените во работната сила, идентификување алатки што ќе го олеснат пристапот на жените до разните кариерни можности, како и обезбедување средина во која жените професионалци и студентите имаат можност да преземат конкретни чекори кон унапредување на кариерата преку вмрежување и проширување на можностите за образование.

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]