„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите


Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции.

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

– Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни изборит, истакна Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.

Дуковски порача сите забелешки што пратениците ќе ги дадат на законот да бидат конструктивни, со амандмани на конкретни членови и апелира да се воздржат од собирање политички поени пред избори.

– Веќе неколку месеци како да има некоја невидлива сила која што намерно го кочи законот да не биде изгласан во Парламентот. Со тоа сите компании кои имаат инвестирано милионски суми во евра во своите бизниси губат и многу е можно целосно тој бизнис да пропадне во земјава и државата да ја изгуби огромната шанса, што се уште и се укажува, а тоа е да биде лидер во продукцијата на медицинскиот канабис, рече Дуковски.

Со одолговлекувањето на донесување на законот, според Дуковски, губат сите кои инвестирале во овој бизнис, илјадници семејства кои што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу, како што рече, губи државата и огромни средства кои би се слеале во буџетот, како и можноста да се позиционира како европски лидер во оваа бранша и на производствено, но и на научно-истражувачко поле.

Во делот на гаранцијата, Дуковски рече дека се прифатени нивните барања и гаранцијата сега е смалена на 300 илјади и цени дека таа е смалена со добри образложенија и добри емпириски истражувања, затоа што во интерес на сите е што повеќе инвеститори да влезат во земјава и да се отворат повеќе работни места.


Вести

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО

– СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој […]

Вести

Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

– Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент […]

Вести

Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

– Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот. Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот. Трамп ќе […]