Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел предизвика голем интерес на меѓународниот саем Анталија Експо


Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од  23-26 ноември.

 

 

Семпервел е модул на кровни градини  решение на македонската компанија ФОЈА, која е специјализирана за хортикултурно уредување, производство и продажба на декоративни садници. Со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Станува збор за квалитетно, трајно и одржливо решение кои ги прави кровните градини многу подостапни за сите. Може да се изведува на куќи, згради, компаниски објекти и други рамни кровни површини.

Воспоставивме контакти и разговаравме за можности за пласман на овој иновативен производ првично на турскиот пазар, но и пошироко. Семпервел како решение има огромен потенцијал, и 100% придонесува кон зачувување на животната средина. Придобивките од Семпервел кровните градини се бројни но првенствено тие обезбедуваат: заштеда на енергија, го прочистуваат воздухот и ја намалуваат бучавата! Неопходни се во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Анталија Експо 2022  е еден од најголемите и најзначајните саеми во светот каде се претставуваат земјоделски и хортикултурни иновации од целиот свет, што за нас е голем предизвик, но истовремено и можност за потврда на иновативноста и функционалноста на нашето решение”, изјави Ѓорѓи Самарџиев од ФОЈА.

За решението повеќе на следниот линк Семпервел, или преку е-mail: fojako@gmail.com +389 2 2772 046. Кровните градини се новитет кој постојано се докажува како одлично решение!