Магнометал: Решение за одржливост на бизнисот за производство на пластични кеси


Откако на 01.12.2021 година и официјално стапи на сила забраната за употреба на оксо-разградливи пластични ќеси и нивна замена со целосно био-разградливи ќеси, голем број од производителите се исправени пред предизвик и се соочуваат со сериозни потешкотии во своето работење, некои поради недостиг од суровини, а други поради неусогласени технолошки процеси.


 

Нашата компанија Магнометал ја поддржува оваа иницијатива кој има за цел да придонесе кон поголема еколошката свест на населението и зачувување на животната средина, но истовремено, за компаниите-производители на пластични ќеси нуди решение кое ќе придонесе за опстанок и одржливост на нивниот бизнис.

Би сакале да ги известиме сите заинтересирани компании дека Магнометал, преку својата мрежа на партнери, е во можност да го снабди македонскиот пазар со потребните суровини кои на еден дел од производителите ќе им овозможат непречено производство, а преку соработката со реномирани светски производители на машини ќе овозможи другиот дел од производителите да започне со прилагодување на производствените процеси.

Секако, свесни сме дека ова може да претставува сериозен финансиски удар за компаниите.

Токму поради тоа, нашата соработка со консултантски куќи ќе придонесе за остварување на правото на поврат на дел од новите инвестиции, или преку фондовите на владата за помош при инвестирање во услови на ковид пандемија или преку фондовите на Европската Унија.

Магнометал е компанија која на македонскиот пазар постои 30 години. Веќе три децении важиме за професионална и доверлива компанија за што сведочат бројните референци за успешно завршени проекти.

Во текот на изминатата година успешно го завршивме процесот на ребрендирање со кој во преден план ги ставивме зелените технологии и програмските решенија насочени кон циркуларна економија. Благодарение на оваа стратешка определба, во изминатиот период успеавме да се позиционираме и како сериозен регионален добавувач за пазарите во нашата земја, но и Косово и Албанија.