КСС против предлогот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не се согласува со владиниот предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на платите.

За КСС е неприфатливо буџетските средства кои се наменети за функционирањето на државните институции и за финансирање на капитални проекти, да се користат за да се стимулира приватниот сектор.

– Особено за нас е неприфатливо и несфатливо, со ребалансот на Буџетот, огромна сума на средства од Министерството за образование и наука да се префрлат во други ресори, а само пред неколку денови просветните работници штрајкуваа за зголемување на платите, наведува КСС во денешното соопштение.

Синдикатот бара од Владата и од пратениците да не дозволат да се спроведе овој закон, којшто според нив, е неуставен и дискриминирачки. – Во спротивно, предупредуваме дека набрзо ќе излеземе со соодветен одговор, спроведувајќи радикален работнички отпор, затоа што трпението на вработените во јавниот сектор е при крај, велат од КСС.


Вести

Индекс на демократија на „Економист“: Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими“

– Демократијата во Македонија според најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“ се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77. место со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е […]

Вести

Се зголемува бројот на заболени од грип, регистрирани над 1.000 заболени

– Се зголемува бројот на заболени од грип. Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип […]

Вести

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април“

– Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по […]