Компаниите опфатени со првата мерка од Пакетот 5 се ослободени од царинските давачки за суровини и репроматеријали во висина од 7,1 милиони евра


УЈП: Одобрени барања за финансиска поддршка на 7710 фирми, во износ од 659,3 милиони денари - МИА

– Владата соопшти дека со првата мерка од Пакетот 5 компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали.



Како што се наведува во денешното соопштение, на вчерашната 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

– Со одлуката за укинувањето на увозните давачки која ќе стапи во сила на 1 февруари, компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во метало-преработувачката индустрија, се наведува во соопштението од Владата.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои за увоз на суровини и репроматеријали во 2019 година платиле вкупно 162,4 милиони евра.