Клиентите плаќаат дупло за чиповите од Малезија


Производителите на електроника во Малезија која што е светски центар за снабдување со чипови за автомобили, паметни телефони и домашни уреди, рекоа дека сега големите клиенти се согласни да потпишат долгорочни договори и да платат повеќе од утврдената цена.


 

Производителите брзаат да ги надополнат залихите на чипови кои пресушија поради намалениот обем на работа, за време на пандемијата на корона вирусот. Недостатокот на чипови беше тежок удар за фабриките во светот и уште ги нарушува нивните синџири на снабдување. Од друга страна, побарувачката расте заедно со ублажувањето на мерките за контрола на коронавирусот.

Во фабриките во Малезија, дистрибутерите како што е компанијата за пакување чипови „Унисем“, велат дека големите клиенти кои ги препродаваат чиповите на производителите на автомобили и електроника, се подготвени да платат уште повисоки цени.

Малезиската индустрија за чипови која претставува повеќе од десетина од глобалната трговија вредна над 20 милијарди долари, предупредува дека недостигот ќе трае најмалку две години.

Затоа, компаниите мора да го забрзаат процесот на производство и императив е да се избегнат инфекции со вирусот „Ковид-19“ во фабриките, што може да доведе до нивно целосно затворање.

Според членот на управниот одбор на Унисем, Чон Чиа, недостатокот е многу реален, а извршните директори и клиентите сега директно се обраќаат за помош.

Чиа одби да ги наведе имињата на споменатите клиенти кои бараат да добијат онолку чипови колку што можат да произведат фабриките. Клиенти на „Унисем“ се и некои од производителите на автомобили и електроника од светскиот пазар, од кои Apple е најпознат.

Чиа изјави дека побарувачката е толку голема што фабриката Унисем во Ченгду е резервирана за целата наредна година.

Пред пандемијата, побарувачката за чипови беше проценета на 23 милијарди долари, а се очекува да порасне на 30 милијарди долари во 2022 година, според истражувањето на Јол Девелопмент.

Тајван е земја која има повеќе од 50 проценти удел на пазарот во оваа активност, потоа Кина, САД, Малезија. Вториот вклучува компании за чипови како што се STMicroelectronics и Infineon, како и производители на автомобили Toyota Motor Corp, Ford Motor Co. и General Motors.

Според претседателот на Асоцијацијата за производство на полупроводници во Малезија, Вонг Сив Хаи, недостатокот може да трае со години. Некои клиенти на компанијата купуваат повеќе чипови отколку што треба за да создадат акции, а долгорочните договори со траење од една до три години сега стануваат норма во индустријата.

Ќе бидат потребни најмалку три години за да се постигне капацитетот што одговара на побарувачката, рече Вонг во интервју за Ројтер.