Кевин: Начинот на финансирање на регулаторот или на јавниот дифузер треба да биде стабилно и предвидливо

kevin

Усогласување на законодавството со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, зајакнување на институционалниот капацитет и независноста на националното регулаторно тело за медиуми (АВМУ) за да се гарантира имплементацијата на правната рамка, унапредување на правната рамка за националниот јавен радиодифузен сервис (МРТ), според европските стандарди и обезбедување негова финансиска стабилност и независност, анализа на медиумскиот пазар и предлагање политики и законски решенија за подобрување на конкурентноста, одржливоста и плурализмот, давање препораки за правни, регулаторни и саморегулаторни механизми со кои може да се одговори на предизвиците што ги поставува новото дигитално медиумско опкружување, како и унапредување на законската заштита на социјалните и работничките права на новинарите.

Ова се клучните цели на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”, чиј старт беше означен денеска.

Деирдре Кевин, лидер на проектот и експертка за медиумски регулативи, ги презентираше првите наоди од проектот во однос на усогласувањето на медиумската легислатива со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги.

-Ќе има две фази во однос на спроведените реформи, како што беше објаснето, има одредена итност заради Креатива Европа за усогласување со директивата – ова е првиот фокус брзо да се направи, рече Кевин.

Таа посочи дека фазата еден е усогласување со Директивата што е првата од шесте, потоа тоа е поврзано и со капацитетот и независноста на регулаторот, а тоа, рече, е многу важен дел од новата Директива.

-За тоа веќе имаме спроведено анализа на актуелното законодавство и разгледавме како другите земји го имаат усогласено своето законодавство со директивата, изработивме амандмани, разговаравме со различни засегнати страни, сега ќе има официјална рунда јавни консултации и на крај ќе има компаративна анализа што да се прави со платформите за споделување видеа за новото законодавство, ќе мора да ги опфати сите овие елементи на директивата и ова ќе влијае главно на законот за аудивиозиелни и медумски услуги, рече Кевин.

Втората фаза, додаде таа, ќе ги опфати другите елементи од проектот во врска со јавниот радиодифузен сервис, во однос на одржливоста на пазарот, регулирање и саморегулирање на онлајн медиумите, заштита на правата на новинарите, што, потсети, дека веќе е опфатено со Законот за аудивиозиелни и медумски услуги, законот за медуми…

Според неа, клучно е и унапредувањето во медиумската писменост, важноста на соработката меѓу регулаторите, како на национално, така и на меѓународно ниво.

-Ако погледнеме на Директивата од аспект на човекови права и заштита, забранетата содржина е важна, ова веќе е опфатено со вашиот закон, забрана за поттикнување на говор на омраза, насилство и поттикнување тероризам. Има одредени промени, сега е вклучено и поттикнување тероризам. За платформите за споделување на видеа, ги имаме и овие обврски, меѓутоа, забрана на содржина што води кон одредени кривични дела како што е детска порнографија, забрана на ксенофобија и расизам, заштитата на малолетниците, ова веќе е опфатено, посочи Кевин.

Таа оцени дека не помалку важно е прашањето за достапноста на аудио-визуелните медиумски услуги за лицата со попреченост, а претходната директива, кажа таа, бараше од земјите-членки да ја направат својата содржина достапна.

-Актуелните одредби согласно законот не гарантираат стабилно, предвидливо финансирање на регулаторот или на националниот радиодифузер. Црвената линија што ја утврдивме е дека начинот на финансирање треба да биде нешто што е стабилно и предвидливо, нагласи Кевин.

Преку усогласување на медиумската легислатива со Директивата за медиуми (EU)2018/1808 и други релевантни медиумски акти, проектот има за цел да создаде правна средина што ќе промовира слобода на изразување, конкурентност, и долгорочна одржливост на медиумскиот пазар. Резултатите треба да бидат постигнати со поддршка на релевантни институции и со поттикнување на влијанието на невладините организации, и медиумскиот сектор, во дефинирање на нови медиумски политики и амандамани во законите за медиуми. Вредноста на проектот е 266.968 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn