Каква технологија стои зад процесот замрзната храна? 


Замрзнувањето на храната е добро воспоставен процес за зачувување што ги обезбедува квалитативните и нутритивните карактеристики на храната на подолг период. Како најстар и најпознат метод на конзервирање на храната, без употреба на какви било додатоци, замрзнувањето својата примена ја има и денес, дури и во далеку поголем обем и со поголемо значење. Со претворањето на влагата во мраз, се заштитува и конзервира храната и на тој начин се зачувува, посебно месото од моментот на достапноста до нејзината подготовка за јадење.



Наспроти општо прифатената претпоставка дека се што е свежо има поголема хранлива вредност, е заклучокот дека колку е постоена и изложена храната, толку повеќе ги губи нутритивните својства. Затоа, замрзнатата храна може да има поголема хранлива вредност ако е замрзната брзо и ефикасно, бидејќи на тој начин се спречува губењето на хранливите карактеристики.

Во прехранбената стоковна индустрија, се уште постојат два метода кои се применуваат, механичко замрзнување и криогено (или брзо) замрзнување. Кинетиката на замрзнување е важна за да се зачуваат квалитетот и текстурата на храната. Побрзото замрзнување генерира помали кристали од мраз и ја одржува клеточната структура. Криогеното замрзнување е најбрзата достапна технологија на замрзнување заради ултра ниската температура со течен азот дo −196 °C.

Со изложеноста на храната на амбиентален воздух, температурни влијанија таа ја губи хранливата вредност и е подложна на развивање бактерии, за разлика од замрзната храна која што е конзервирана и заштитена. Според светските институции кои што се занимаваат со испитување и истражување на оваа тематика, при замрзнувањето на храната, посебно месото, текстурата не се менува и останува иста и со истите хранливи вредности и по одмрзнувањето.

И македонските компании при складирање на замрзнатото месо се раководат според потврдени и препорачани светски стандарди и технологии за безбедност на храната. Слога Пром од Кавадарци со дистрибуција на замрзнато месо се занимава од 1990 година и велат дека следењето на високите стандарди и знаењето за специфичните карактеристики на секој вид месо се најважни при обезбедување највисок квалитет на замрзнатата храна. “Во нашите ладилници има повеќе комори кои функционираат на температурен режим во голем распон, од +4 до -22 степени, и производите се селектираат во зависност од типот и својствата. Се складира замрзната и разладена роба, при што се применуваат најсовремени стандарди кои се регистрирани и лиценцирани според светски регулативи за храна. Стандардите и техничката опременост на ладилниците го гарантираат одржувањето на производите во потребните услови и ја задржуваат нивната првобитна свежина и на патот до потрошувачите. Слога Пром ги има воведено најновите европски и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите според HACCP и GS1 и ги следиме иновациите и трендовите во третирањето и дистрибуција на храната со ниски температури на безбеден и квалитетен начин”, вели Ласко Јованов управител на Слога Пром.

Прехранбената индустрија, е во потрага по нови иновативни процеси на замрзнување на храната и во моментов се истражуваат и развиваат методите кои ќе се покажат поефикасни за подобрување на времето на замрзнување и за квалитетот на производот. Во меѓувреме механичкото замрзнување е најбезбедниот начин за конзервирање на храната.