Како да заработите на социјалните мрежи без да губите време?


Социјалните мрежи денес им овозможуваат на луѓето многу можности. На пример, можно е да станете медиум или да создадете бренд. Од друга страна пак, доколку не се користат на вистински начин, постои можност мрежите да уништат некого. Клучот лежи во земањето на најдоброто и исклучувањето на најлошото од социјалните мрежи.


 

Еве како да заработите пари на социјалните мрежи без да губите време:

Прво, навистина не трошете време

Доколку имате намера за работа, наместо да скролате по цел ден на екранот, значи дека веќе сте поставиле некаква цел. Не мешајте зафатеност со ефикасност на социјалните медиуми. Ако немате јасна цел, ќе изгубите време и енергија и нема да имате што да покажете. Користете ги мрежите во корист на потрошувачката. Знајте што сакате на секоја од платформите.

Покрај тоа, за да се постигне нешто на социјалните мрежи, потребно е да се ограничи времето поминато на мрежите, со цел да се зголеми продуктивноста. Можете да направите аларм за да запрете со работата на мрежи кога тој ќе се огласи, за да се ограничите на тој начин во времето потрошено на мрежи.

Кога ќе го завршите она што го сакате, не заборавајте да се одјавите, за да не бидете во искушение да се пријавите во слободното време.

Кога зборуваме за содржина на мрежите, многу е важно да изберете што сакате да постигнете и што сакате да следите во однос на она што е неважно за вас. Социјалните мрежи даваат многу можности за филтрирање на ваквите профили, па искористете ги. Отстранете сè што е ирелевантно, за да оставите простор за важни работи.

Направете план

Испланирајте за што сакате да користите социјални мрежи и направете го тоа што е можно поедноставно. Поставете една цел за секоја платформа и осигурете се дека секоја активност ќе ја придонесете за нејзино достигнување. Многу е важно да прифатите дека е потребно да се позиционирате како експерт и да се фокусирате на она што го правите. Покрај тоа, мора да има содржина на вашата платформа што самите ја креирате, бидејќи вашата публика тогаш ќе ја препознае автентичноста. Ако сте онлајн за да го презентирате вашиот бренд, не отстапувајте од планот.

Бидете продуктивни

Разгледајте сè што треба да направите и разработете кои задачи треба да ги завршите сами. Што можете да делегирате и што можете да автоматизирате.

Не трошете енергија на она што може да се направи со компјутер. За да успеете, многу е важно да имате врска со вашите фанови, да разговарате со нив, да коментирате, да организирате награди. Станете најдобри пријатели на Интернет. Затоа е потребно да разберете дека сте тука за да им помагате на луѓето, а не само за да промовирате.

Бидете доследни

Изберете активност што ќе можете да ја задржите цело време. Развијте шема и држете се до неа, без оглед на се’. Многу е важно да се етаблира на социјалните мрежи. На пример, кога станува збор за тајмингот. Ако ги навикнете вашите следбеници дека објавата ви излегува во одредено време, тие ќе чекаат и ќе ве лајкнат / коментираат секој ден, а тоа ќе даде резултати кога станува збор за вашата работа. Иако звучи невозможно, може да се каже дека е сосема реално да изградите публика и да го проширите вашиот бизнис без да станете зависни од мрежите.

Извор: BIZlife