Како да го направите чекорот кон посигурна финансиска иднина?


Економските текови во светот секојдневно влијаат на нашиот џеб. Секоја голема светска криза се чувствува брзо во сите делови на нашата планета, за што најдобар доказ е сегашната предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Во вакви ситуации најдобро се покажува колку е важно да се имаат заштеди. Иако не е лесно да се одвојуваат пари, сепак треба да размислуваме за фактот дека, за жал, понекогаш може да се случи нешто лошо. А тогаш треба да имаме подготвени средства. Но, заштедите се потребни не само за време на криза или за итни и неодложни потреби, туку и за решавање на важни животни прашања.

Имајќи го ова предвид, сосема е јасно дека никогаш не е доцна да се почне со штедење. Притоа исклучително е важен вистинскиот избор на банка во која ќе штедиме, како и соодветниот модел на штедење. Треба да се одбере банка за која сме сигурни дека ќе ги чува и оплодува нашите парите мудро и одговорно, но исто така и дека ќе обезбеди модели на штедење прилагодени на нашите потреби и ритам на живот.

Ако уште не сте почнале да штедите, можеби вистински момент да почнете е токму сега, во октомври, кој воедно е и светски месец на штедење, а вашиот избор може да биде новиот ПРОМО депозит на Халкбанк за кој понудата важи до 31.10.2020 година и за кој може да се аплицира и онлајн, од удобноста на сопствениот дом. Новиот депозитен производ е наменет за физички лица и нуди можност за орочување, денари или евра, на 13 и 25 месеци.

Минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра, а каматната стапка е фиксна за периодот на орочување. Кај депозити кои се орочени на 13 месеци, каматата изнесува 0,70 отсто за заштеди во денари, односно 0,50 отсто за депозити во евра. За орочување на период од 25 месеци, каматната стапка изнесува 1,40% за денарско штедење, односно 0,90% за штедење во евра. Исплатата на каматата, зависно од договорот, може да биде месечна или на крај на периодот на доспевање.

Во животот секогаш е важно да се најде здрава, правилна и одговорна мерка помеѓу трошењето и редовните заштеди. Бидејќи штедењето е здрава животна навика, ако не сте почнале со штедење, направете го тоа овој октомври токму со новата понуда на Халкбанк.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*