Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!


Инфософт Груп, една од најдолгогодишните компаниски групации во регионот со претставништва во Македонија, Албанија и Косово, минатата недела, преку прослава со своите вработени, го одбележа своето 30 годишно постоење.


 

Прославата на овој јубилеј се одржа под мотото “Stronger Together” (“Посилни заедно”), што ја отсликува поврзаноста на компанијата со своите вработени, клиенти и целата заедница – но ја пренесува и визијата која мотивира кон заедничко исполнување на предизвиците што следуваат во иднина.

Ајри Шеј, првиот човек на  Инфософт Системи Скопје, компанија членка на Инфософт групацијата, по овој повод изјави: “Силно веруваме дека само обединети со целите на нашите вработени и целите на нашите клиенти, можеме да се движиме напред и заедно да создаваме иновации што ќе носат вредност за сите. Во овие 30 години оставивме силен траг во нашиот регион и оваа јубилејна прослава нека биде само импулс за големите нешта што следуваат”.

Инфософт групацијата е составена од 15 компании лоцирани во Албанија, Косово и Северна Македонија посветени во неколку сегменти како  ИТ, дистрибуција, недвижности, логистика и бизнис менаџмент.

Портфолиото на меѓународни партнери на Инфософт групацијата помеѓу другите ги вклучува и Microsoft, Dell-EMC, HP, Cisco, IBM, Oracle, Lenovo, Mars Wriggle, Ferrero, Colgate Palmolive, Philip Morris итн.