Индустриското производство во мај со пад од 27 отсто


Прометот во индустријата на домашниот пазар со раст, на странските пазари намалување - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Еенергија за 9,2 отсто,  интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 отсто капитални производи за 47 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 отсто.

 


ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми - МИА
Вести

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Скопје, 14 јули 2020 () – Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА
Вести

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Скопје, 14 јули 2020 () – Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*