Индустриската зона Раброво и селото Јосифово ќе се поврзат со регионалниот пат


Со финансиска помош од Бирото за регионален развој, Општина Валандово продолжува да инвестира во капитални проекти, како што велат оттаму, за да создава подобра заедница и подобри услови за живот на сите граѓани.

Во тој поглед од општината денеска најавија дека по завршување на јавната набавка веднаш ќе почне реализацијата на проектот за поврзување на индустриската зона Раброво со регионалниот пат, со цел преку изградба на патна инфраструктура да се олесни пристапот до индустриската зона и да се зголеми безбедноста на сообраќајните учесници со поставување на хоризонтална и ветрикална сигнализација.

Речиси иста цел ќе има и проектот за поврзување на селото Јосифово и Горна маала со регионалниот пат Валандово-Удово.Реализацијата на проектот, посочија од општината, опфаќа изградба на нова улица од 1.180 метри со широчина од 6 метри,изградба на мост на влезот на Горна маала и тротоар во должина од 700 метри.

Овој проект треба да ја зголеми безбедноста од поплави на локалните жители и да ја подобри поврзаноста на Јосифово и Горна маала со регионалниот и магистралниот пат.


Вести

Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, полладнево уште еден потрес

Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ. Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди […]

Вести

Земјотресот во Турција во живо во неколку ТВ студија (видео)

Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми. На социјалните мрежи се појавија снимки од ТВ студијата, кои […]

Вести

Пораките на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски пренесени и поддржани директно од Еврокомесарот за проширување на ЕУ

Денешното интервју на потпретсредателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот Република на aнглиски јазик за состојбите на македонската политичка сцена, побуди лавина реакции меѓу кои беше и реакцијата на Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејли. Имено, […]