И младите иселени од земјава ќе може да конкурираат за економски промотори

Младите иселени од земјава и школувани надвор може да бидат некои од потенцијалните економски промотори во трите канцеларии за привлекување странски инвестиции и промоција на македонските деловни можности што треба да бидат отворени наскоро во САД, Германија и Турција.

Како што соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, непрецизирајќи кога точно ќе  профункционираат канцелариите, огласот за промоторите ќе биде јавен, транспарентен и ќе бара висок степен на едукација на кандидатите, посебно познавање странски јазици, пред се за подрачјето што ќе го покриваат.

Пред почетокот на дебатата со студентите од Меѓународниот балкански универзитет, Анѓушев порача дека македонската дипломатија полека треба да се ориентира кон бизнисот и да отвора нови перспективи зашто во овој сегмент има простор за сериозен напредок.

-Нашата економија треба да биде отворена и насочена кон извозот. Со канцелариите и економските промотори како многу поевтин концепт на промоција, ќе се потрудиме да привлечеме високотехнолошки развиени компании кои ќе вработуваат квалификувани, образовани млади луѓе и ќе даваат големи плати. Во истовреме, сакаме да помогнеме и во отворањето нови пазари за нашите производи, напомена вицепремиерот.

Тој информира дека измените на Законот за ТИРЗ со кој треба да се овозможи отворањето на канцелариите за економска промоција на земјава, се веќе изготвени и треба да ја поминат владината процедура по што ќе бидат испратени во парламентот.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека канцелариите најпрво ќе почнат да работат со три до четири претставници, а потоа, зависно од обемот на работа, ќе се размислува за евентуално проширување на тимовите.

На панел дискусијата „Бизнис и дипломатија“ присуствува и Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститоти во Стопанската комора на Македонија. Фокусот е ставен на отворањето нови димензии на македонската дипломатија и нејзино диверзифицирање во економска, културна,…


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]