Граѓаните до утре може да се пријават за Деновите на финансиска писменост


Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто - МИА

– Утре завршува рокот за пријавување на граѓаните за предвидените едукативни видео презентации на темите Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ги организира Народната банка во рамки на Деновите на финансиска писменост.

Деновите на финансиска писменост ќе се одржуваат од 24 до 26 ноември 2020.

Презентацијата за Монетарна политика ќе биде на 24 ноември, за Финансиска стабилност на 25 ноември, а за Платен систем и платежни услуги на 26 ноември, а сите ќе бидат на интернет и ќе почнуваат во 14 часот.

Како што соопшти Народната банка, презентациите ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка. Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака на е-адресата edukacija@nbrm.mk или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.


Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*