Гостивар го доби најмодерниот Рамсторе супермаркет


Како резултат на инвестицискиот раст на Рамстор супермаркетите, денес, во Гостивар, се отвори до сега најмодерниот маркет од овој бренд кој е конципиран по најсовремени светски стандарди.


 

На површина од 1400 м2 продажна површина новиот простор на Рамстор супермаркетот ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супер-маркет.

За услугата се грижи тим од вкупно 25 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 80 возила.

 

Со отворањето на овој ултра модерен супермаркет лоциран на ул.Илиденска бр.254 во Гостивар, Рамстор воведува сосема нов, иновативен концепт на уредување на продажниот простор со кој суштински ќе го смени искуството на своите потрошувачи и перцепцијата за тоа што е модерен супермаркет.

Новиот начин на презентација на производите во Рамстор супермаркетот во Гостивар по примерот на водечките светски брендови се базира на тематско изложување на производите и нивното врзување за одреден атрактивен коцепт, со што повеќекратно ќе биде зголемено естетското, визуелното и конзумерско искуство на посетителите на маркетот.

“Рамсторе се стреми кон започнување на поразлична раздвиженост во насока на брендирање, додавање на вредност во секој град во Република Северна Македонија каде има свој маркет” рече Г-динот Ајдован Адемоски сопственик на Рамсторе Македонија и додаде:

“Ние предвидувајќи го овој задоволителен развој во Република Северна Македонија инвестиравме тука и ќе продолжиме со нашиот придонес кон урбанизацијата и додавањето вредност на брендот Рамстор во градовите во кои постоиме. Отворањето на маркетот во Гостивар претставува одговор на барањата на нашите ценети потрошувачи кои се лојални на Рамсторе, благодарение на нашиот висок квалитет,  конкурентни цени, широк асортиман на прехрамбени и непрехрамнеби производи, модерно работење кое ги следи светските трендови и беспрекорната услуга на нашите вработени што не прави поразлични од другите.

Рамсторе маркетите се помеѓу првите супермаркети кои го воведоа НАССР системот за гарантирање на безбедноста на храната како и првиот маркет кој воведе стандарт за квалитет ИСО 22000.Она што е важно е додека на потрошувачите им се нуди целосно нов свет на пазарување и пријатно искуство, истовремено треба да се обезбеди трајна доверба во услугите на производите, не само со збор туку со контрола на нивниот квалитет”.

Со новиот маркет во Гостивар го најавуваме новиот концепт на уредување кој ги очекува потрошувачите и во останатите нови маркети на Рамстор.

Крајот на оваа година ќе го заокружиме со отворање на уште еден маркет во Охрид (четврт по ред) со тоа што компанијата ќе постигне бројка од 30 маркети а бројот на вработени директни и индиректни ќе се искачи на 1000 лица”, изјави сопственикот на Рамсторе Македонија Г-дин Ајдован Адемоски.

Истиот тренд на ширење дури и поголем компанијата го јаваува за следната 2022 година, за отворање на нови маркети во други градови што исто така ќе го пресликуваат новиот амбиентален концепт на Рамстор.