Глобален турнир за најдобрите светски програмери и ИТ професионалци за cloud, data и AI


Скопје, 03 март 2021 – И годинава најдобрите програмери и IT професионалци за cloud, data и AI, ќе си го измерат знаењето и ќе се борат за титулата „World Champion“ на глобалниот турнир C3 Cloud Skills Cup. Од 08 февруари до 17 март, Семос Едукација е домаќин на локалниот турнир за cloud вештини како прелиминарни рунди, а најуспешните се квалификуваат за светскиот шампионат.


 

Предизвикот е за сите програмери, ИТ професионалци за cloud, data и AI. C3 Cloud Skills Cup турнирот се состои од дваесет прашања од секоја од наведените области а целта е учесникот во 5 минути да одговори на што е можно повеќе прашања за пократко време.  Натпреварувачите од сите три категории со најмногу точни одговори и најкратко време ќе добијат титула шампион и 500 € ваучер за обука од Семос Едукација. Понатаму, локалните победници ќе се натпреваруваат со победниците од другите земји-членки на LLPA, меѓународно здружение од 32 члена низ 55 земји од светот, на светскиот шампионат во јуни 2021 година.

„Победниците од сите три категории не само што ќе ја добијат титулата „Cloud Pro World Champion“,„Data & AI Pro World Champion” или „Developer World Champion“, туку исто така ќе добијат пакет со сеопфатна вредност од 2.400 USD секој. Овој пакет вклучува еден Surface DUO, еден Surface Slim Pen, едни Surface слушалки и 250 USD Amazon гифт картичка.“, изјави Патрик Керстен, претседател на Управниот одбор на LLPA.

Освен наградите, дополнителна мотивација за сите ИТ професионалци е фактот што C3 Cloud Skills Cup овозможува јакнење на компетитивниот дух но и поврзување со колеги од цел свет кои работат во истиот сектор со кои можат да соработуваат и разменуваат знаења во иднина. Пријавувањето е на следниот линк.

C3 турнирот се одржува за време на C3 Global Cloud Skills v-Tour, бесплатна конференција која во нашата држава ја организира Семос Едукација со поддршка на Microsoft како дел од серијата настани организирани од LLPA и нејзините членки. Оваа конференција е наменета за IT менаџери, IT Професионалци, програмери, бизнис лидери, HR менаџери, од компании и владини институции, како и студенти од сите универзитети и институции за неформално образование. Резервацијата на места за бесплатната конференцијата е во тек.

——————————————————————————————————————————————

Семос Едукација е еден од најголемите центри за ИТ едукација во Европа со повеќе од 100.000 посетители кои успешно ја завршиле обуката. Семос Едукација споделува знаење од 1995, во повеќе од 20 земји во светот, со над 130 експерти и над 300 обуки наменети за професионалци, бизнис корисници и индивидуалци кои сакаат да имаат ИТ кариера.

Семос Едукација е член на LLPA (Leading Learning Partners Association) и еден од основачите на ова здружение. LLPA (Leading Learning Partner Association) е здружение на водечки светски тренинг центри од 55 земји во светот. Преку членките на LLPA се обучуваат над 500.000 студенти годишно со што се достигнува приход кој покрива над 90% од Европскиот БДП.