ФИТР: Запирање на финансирањето на компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош


ФИТР: Два јавни повика во тек со 4,5 милиони евра ќе се наменат за почеток на економско заздравување на државата - МИА

Скопје, 31 јули 2020 () – Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.

Како што информираат, стaнува збор за три активни проекти, од кои за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на останатите две компании (МСТ Солушн и Лини 08 ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот.

-Овој чекор следи по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Владата, што укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија со КОВИД 19. Истото, сериозно влијае врз угледот, а со тоа и капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти. Потсетуваме дека капацитетот, како и поширокото влијание на проектите се дел од критериумите за евалуација и доделување на финансиска поддршка од Фондот, стои во соопштението.

Додаваат дека одлуката во однос на натамошниот статус на овие проекти ќе биде донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, а по завршување на процедурите пред надлежните институции задолжени за реализација на државната помош за минимална плата.

Фондот за иновации и технолошки развој, истакнуваат, спроведува строги процедури и механизми за заштита на јавниот интерес и средства, што важи за сите корисници, без исклучок.

 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*