ФЕРОИНВЕСТ со нова услуга за чистење на кровни фотоволтаици за повисоко производство на панелите

4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Групацијата Феро Инвест, која е лидер во секторот на обновливи извори на енергија, во своето портфолио на услуги нуди и одржување на панели на фотоволтаични електрични централи поставени на крововите на производствените погони или магацини.

Одржувањето се состои во чистење кое се спроведува со специјални машини и средства, а должината на рачките од над 9 метри им овозможува на операторите целосно сигурно и безбедно чистење на панелите со што може да се овозможи производството на електрична енергија да биде од 20% до 40% повисоко од моменталното.


Проект менаџерот за фотоволтаични проекти во Феро Инвест, Крсте Илијески, им препорачува на сите оние кои имаа свои фотоволтаични електрични централи на кровови, често одржување на панелите за да се постигне повисока ефикасност.

„Сопствениците на фотоволтаици на кровови, особено оние кои се наоѓаат во индустриски зони или зони каде има поголема загаденост, интензивни градежни работи или дрвја во близина кадешто се гнездат птици, потребно е најмалку 2 пати во текот на годината да ги исчистат панелите, за да се зголеми нивното производство до 40%. Во места каде што има и потешка индустрија, панелите би можело да се исчистат и до 5 пати во текот на годината, за да нема загуби во производството“, посочи Илијески.

Феро Инвест е е првата компанија во Република Северна Македонија која почна со изградба на малите хидро електрани, како пионери во обновливите извори на енергија, а во своето портфолио нуди услуги „клуч на рака“ за изградба на мали хидро електрани, фотоволтаици, биогасни електрични централи и трафостаници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK