ЕВН Македонија и годинава го објави „ЛОСТ“ – отворен е конкурсот за студенти од семејства со ниски примања

EVN-logo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

29.11.2024, Скопје : Во рамки на активностите за унапредување на различностите, правичноста и инклузијата, ЕВН Македонија повторно ја објави програмата за стипендии „ЛОСТ“. Целта на програмата е стипендирање на студенти и студентки кои имаат ниски месечни семејни приходи, а се запишани на електротехничките факултети во земјава.

На распишаниот конкурс може да аплицираат студенти и студентки кои ги исполнуваат следните услови: по прв пат да се запишани во I, II, III и IV година, во учебната 2024/2025, зимски семестар; да се од семејствa со ниски месечни семејни приходи и да не се корисници на друга стипендија или кредит.


Преку конкурсот на програмата „ЛОСТ“, ЕВН доделува по 10.000 денари месечно за секој избран стипендист и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Аплицирањето е во тек, а повеќе информации студентите може да најдат на веб-страницата на ЕВН Македонија или на линкот https://evn.mk/Downloads/Career/Nov-oglas-Stipendii-2024-2025-so-izjavi.aspx

Сите заинтересирани, своите прашања и апликации може да ги испратат електронски на [email protected].

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кадидатот и кандидатките.

 

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK