ЕВН го поттикнува интересот кај идните средношколци за техничките науки


ЕВН традиционално ја поддржува манифестацијата „Денови на електротехниката“ што се одржуваат во просториите на СЕТУ „ Михајло Пупин“ од Скопје. Над 100 ученици од 30 основни училишта од Скопје ќе се дружат и натпреваруваат со знаењата од областа на техничките науки.

Управителот на Електродистрибуција, Харалд Дамарер на отворањето на Деновите на електротехниката рече дека љубовта кон техничките науки се креира уште во детството и затоа нивна цел е да се поддржат проектите каде што најмладите и идните средношколци ќе може да ја почуствуваат магијата и моќта на техниката.

-Со сите наши активности кои се во насока на поддршка на образованието, ние всушност се грижиме за иднината на енергетиката во Република Северна Македонија и за идните генерации електричари и инженери. Компаниите имаат потреба од квалитетно образован и креативен кадар во техничките науки, а на Вас младите овде Ви треба поддршка, партнерство и јасни патокази за една светла иднина, посочи Дамарер.

Натпреварот ќе се одржи на принцип на решавање тест по наставниот предмет Физика за деветто одделение, на теми од областа на електротехниката. Најдобрите три екипи од основните училишта ќе се пласираат во финалниот натпревар на знаење од областа на физиката и електротехниката, информират од ЕВН.

Најдобрите ќе бидат наградени со вредни награди, а сите учесници ќе имаат можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН во Матка

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]