ЕУ-тендер за производство на ТВ програми за културно наследство во Северна Македонија и соседните земји


Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија информира дека распиша повик за тендер за продукција на ТВ програми за културно наследство во Северна Македонија и нејзините соседни земји.


 

Како што се наведува во објавата, целта на овој проект е да произведе ТВ програми со информативен и забавен карактер за културното наследство во Северна Македонија и нејзините пет соседни земји. ТВ-програмите треба да промовираат култура и туризам, посветувајќи посебно внимание на регионалната и прекуграничната димензија, вклучително, меѓу другото, и промовирање на европските вредности на помирување и поддршка на слободата на изразување. ТВ-програмите треба да привлечат поширока публика во Северна Македонија, но и во нејзините соседни земји.

Апликациите треба да се достават во електронска форма, изборот ќе се изврши според критериумит најдобар сооднос на цена и квалитет, а вкупната вредност на тендерот е 1.350.000 евра.