АД ЕСМ вчера произведе 12.773 мегават часови електрична енергија со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во термоелектраните произведени се 7.690, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.083 мегават часови електрична енергија, информира Владата.
-Во изминатото деноноќие преку „ЕСМ Продажба“ набавени се 3.940 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопшти Владата.