„Ериксон“ ќе плати 1,2 милијарди долари казни заради корупција


Шведскиот телекомуникациски гигант Ериксон се изјасни за виновен за корупција и се согласи да плати повеќе од една милијарда долари, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД.

Министерството посочува дека Ериксон се согласил со Обвинителството во врска со обвинение поднесено во судот во Њујорк.

Ериксон е еден од најголемите светски производители на опрема за мобилна мрежа во светот. Компанијата соопшти дека во септември издвоила 1,2 милијарди американски долари за да се покријат можните казни за истрагата на САД.

Износот од 1,2 милијарди американски долари вклучува казна од 520 милиони американски долари што ќе му се исплати на Министерството за правда, додека 540 милиони долари ќе бидат исплатени на американската Комисија за хартии од вредност.

Министерството за правда на САД соопшти дека корупцијата се однесува на пет земји – Џибути, Кина, Виетнам, Индонезија и Кувајт.


Вести

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО

– СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој […]

Вести

Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

– Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент […]

Вести

Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

– Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот. Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот. Трамп ќе […]