Ефтимовски: Фонд за поддршка на македонските онлајн медиуми!


Вонредните мерки во насока на спречување на ширењето на Корона-вирусот и како последница на тоа кризата во целата економска дејност, неминовно донесоа големи проблеми во финансирањето и стабилноста на медиумите, еден од главните чинители во синџирот кој треба да обезбеди превенција и заштита од потенцијалната здравствена катастрофа.

Медиумите несомнено се еден од главните фактори кој треба да се погрижи пораките од институциите и здравствените експерти навремено да стигнат до секој дом, па токму затоа, нивното несметано делување, кредибилно и чесно известување се од исклучителна важност при обезбедување на успешност на сите донесени мерки и препораки.

Стабилноста на медиумите се обезбедува преку финансирањето, кое во доминантен процент е обезбедено од огласување на компаниите. Во ситуација кога компаниите се соочуваат со ограничен маневар на пазарот и самата атмосфера нуди намален простор за голем дел од нивните комуникациски активности, сведочиме на значителен број прекинати или одложени огласувачки кампањи во медиумите, што резултира и со значително намалени приходи за агенциите кои ги подготвуваат и дистрибуираат тие кампањи, па паралелно со тоа и медиумите кои треба да ги реализираат.

Како посебен сегмент од медиумската понуда во Македонија преставуваат онлајн медиумите, кои во огромен процент се застапени кога станува збор за медиската конзумацијата и дневно потрошеното време за нивно следење. Тие заедно со телевизиите се примарен извор на информирање на граѓаните. И пред кризата, онлајн медиумите (порталите) се “бореа” за да останат на пазарот со оглед на минорните буџети кои ги добиваа од огласување, а во оваа ситуација нивната борба станува исклучително тешка и неизвесна.

За поздравување се обидите институциите некако да ги помогнат другите типови на медиуми во оваа ситуација, на пример иницијативата за поддршка со 103 милиони денари кои АВМУ одлучи да ги додели на радиодифузерите за интервентно спроведување со последиците од ситуацијата со коронавирусот или пак од претходно, иницијативата за поддршка на печатените медиуми, но никако не смееме да дозволиме да ги изгубиме и онлајн медиумите кои засега не се опфатени со никаква иницијатива за директна поддршка и не постои никаков фонд кој би можел да направи интервентна подршка за нивната егзистенција.

За да имаме добро информирани граѓани кои ќе ги разберат и прифатат мерките, а потоа и доследно ќе ги почитуваат, за да имаме демократски амбиент кој ќе ги носи сите страни на секоја една приказна – мораме како држава да ја поддржиме таа медиумска гранка која носи најширока лепеза на информирање, а тоа се секако онлајн медиумите. Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација, а потоа и дополнителен развој на онлајн медиумите, за да се зачува секој еден вработен и да се овозможи достојно функционирање, а потоа и креирање на нови онлајн сервиси и медиски продукти.

Сигурен сум дека институциите можат целосно да се потпрат на најголемиот авторитет кога станува збор за онлајн пазарот и интернет медиумите во земјава, организацијата ИАБ Македонија, која секако дека ќе им помогне како тој фонд да го дизајнираат и развиваат така што навремено ќе се надминат сите предизвици кои би искрснале во тој процес. Време е онлајн медиумите да се третираат како што доликува!

Автор: Борис Ефтимовски

Извор: marketing365.mk


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]