ДЗС: Лани запишани 51 510 студенти


Во академската 2021/2022 година во државава се запишале вкупно 51 510 студенти, што претставува зголемување за 1,2 проценти во однос на претходната академска година.
Бројот на запишани студентки е 29 823 или 57,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

 

Најголем број студенти (82,6 проценти) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16,8 проценти се запишале на приватните високообразовни установи.

На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 13 434 студенти или 26,1 процент, а тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати.