Џек Ма официјално се пензионира


Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба.

Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.
Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Алибаба.

Ма во 2014 година ја формираше Џек Ма фондацијата, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Вести

Заев и Мицкоски на лидерска ќе бараат решение за Законот за ЈО

Решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се обидат да најдат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан […]

Вести

Јовески: По предметите од СЈО не е исклучена можноста да постапуваат и досегашните обвинители

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА вели дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо. […]

Вести

Владата со осуда за инцидентот пред Конзулатот во Мелбурн

Владата денеска најостро го осуди инцидетот што изутрината се случил пред Конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн. Група македонски иселеници изутрината се собрале пред македонскиот Конзулат во Мелбурн каде запалиле грчко и бугарско знаме […]