Дополнителни субвенции од 2 денара за произведено и предадено грозје




Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи лозарството како многу значаен сектор.

„Една од мерките е дополнителната од 2 денара за килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство ја изготви и таа е веќе излезена во ‘Службен весник на РСМ’“, информираат од Министерството.

Од таму објаснуваат дека корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници на подмерката за одржување лозов насад од Програмата за финансиска поддршка и оствареното производство од сортите: „смедеревка“, „вранец“, „бургундец црн“, „станушина“, „кратошија“, „жилавка“, „кадарка“ од реколтата 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во земјата.

Дополнително, ќе бидат донесени и сет мерки, кои ќе бидат од ковид-програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година.