Донација од „Пакомак“ за ЈП Охридски комуналец


Скопје, 23 мај 2020 () – Компанијата „Пакомак“ на ЈП Охридски комуналец му донира 10 жолти метални игло контејнери од 1,5 m3 со бетонски фундамент за ПЕТ и Ал лименки и 100 зелени канти од 140 литри за собирање на мешан отпад од пакување од куќи.

Жолтите метални игло контејнери т.н.  анти вандализам, се далеку потрајни контејнери, многу поскапа, но тоа го наложуваат условите бидејки постои проблем со неформалните собирачи киј што ги уништуваат пластичните контејнери, соопштија од компанијата.

Како што наведуваат, уште од самиот почеток на постоењето, „Пакомак“ се залага за намалување на амбалажниот отпад зголемување на свеста на рециклирањето на истиот. Целта на „Пакомак“ е преку поставување на позитивен пример и обезбедување на соодветна инфраструктура, да покаже дека местото на отпадот е во контејнерите, а не насекаде околу нив.

-Охрид и Охридското езеро со својата убавина имаат непроценливото значење и вредноста за нашата земја. Нивното зачувување е општ приоритет околу кој не треба да има компромиси. Охридското Езеро, е старо 2 до 3 милиони години, посебно, уникатно и прекрасно, од повеќе аспекти. А Охрид како град балкански бисер, центар на културата и уметнста децении наназад. Но и Охрид, како и други градови во земјава, години наназад се соочува со недоволна комунална инфраструктура, што влијае да се создаваат неубави слики од полни контејнери, и расфрлено ѓубре. Токму затоа сите ние треба да направиме се што е во наша моќ за да ја одржиме животната средина во најдобар ред, бидејќи ние имаме далеку поголема потреба од неа отколку таа од нас. Се надевам дека жителите на Охрид и сите туристи кои овде доаѓаат ќе се однесуваат совесно, и дека отпадот ќе го одложуваат на соодветните места, посочуваат од Пакомак.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски ја искажа својата благодарност кон „Пакомак“ и донацијата ја опиша како акција од општ интерес, истакнувајќи ја важноста на соодветната инфраструктура за реализирање на краткорочните и долгорочни еколошки цели.

 


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]