Домашните е-трговци добија веб платформа за подобро запознавање со процесите од областа


Со цел едукација на населението, зголемување на конкурентноста на е-трговците, како и уште поголем раст и развој и промоција на е-трговијата во нашата земја, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денес ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”.

Веб платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање.

Дополнително, платформата „E-commerce4All“ директно ќе промовира и успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.

Платформата ќе содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Со денешното лансирање на веб платформата се промовира и првиот модул кој се однесува на регулатива за е-трговија во С. Македонија и содржи сеопфатни прирачници за состојбата со е-трговијата во нашата земја, информации за основање на компанија која работи со е-трговија – односно податоци што секој е-трговец задолжително треба да ги знае.

Веб платформата „E-commerce4All“, која е прилагодена за користење преку веб и мобилен уред, е достапна на следниот линк. Сите заинтересирани физички или правни лица, можат бесплатно да се регистрираат и да започнат со користење на истата.

– „Овозможувајќи и олеснувајќи го пристапот кон сите информации кои се потребни за основање и водење на еден е-бизнис, не само за оние кои веќе имаат своја е-продавница, туку и за оние на кои им е неопходна оваа едукација за полесна адаптација на тековните трендови, АЕТМ активно учествува во создавање на услови за развој на заедницата во полето на е-трговијата. Се надеваме дека оваа веб платформа ќе им биде од голема корист на сите нови и постоечки е-трговци и ќе им служи како информативен центар за олеснување на нивното работење.“ – вели Марија Ристовска, проект менаџер во АЕТМ.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку оваа веб платформа која е дел од иницијативата „E-commerce4All”, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија. Развојот на оваа бесплатна едукативна платформа е поддржан и од Царинска управа, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, како и сите членови на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*