Доделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021


– Во Скопје вчера беа доделени првите македонски награди за е-трговија за 2021 година „Ecommerce Awards”.

 

 

Манифестацијата ја организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), а победниците се објавени утрово на https://ecommerceawards.mk/pobednici/.

На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: „Најдобри е-продавници по сектори”, „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и „Шампиони во е-трговија”, каде се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Победници во секцијата „Најдобри е-продавници по сектори” се: Маркетплејс платформа на годината – grouper.mk, Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk, Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk, Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk, Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk, Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината – mytime.mk, Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – smartliving.mk, E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk и Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – kliknijadi.mk.

Добитници на награди во секцијата „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се: Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – grouper.mk, Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (прво место), Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (второ место), Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (трето место), Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (прво место), Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (второ место), Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – domato.mk (трето место), Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (прво место), Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (второ место), Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – neptun.mk (трето место), најдобра веб страна за плаќање сметки – a1.mk и владиното решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – Агенција за катастар на недвижности.

Добитници на награди во секцијата „Шампиони во е-трговија” се: Најдобра новоотворена е-продавница – domato.mk (прво место), Најдобра новоотворена е-продавница – peko.com.mk (второ место), Најдобра новоотворена е-продавница – medicushelp.mk (трето место), Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (прво место), Најпопуларна е-продавница – paket.mk (второ место), Најпопуларна е-продавница – grouper.mk (трето место), Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (прво место), Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (второ место) и Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (трето место).

Категоријата „Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.

Натпреварот за првите награди „Ecommerce Awards”, како што наведува АЕТМ, се одвиваше во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние кои ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 11 членови. По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40 отсто во вкупниот ранг и 60 проценти на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците.

-Наградите во е-трговија имаат за цел да ги препознаат и награди најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење, велат од АЕТМ.