До 2030 година побарувачката за нафта во светот може да опадне за 70 отсто


– Драстичниот премин кон електрични возила, што ќе го предводи Кина, до 2030 година за 70 отсто ќе го намали растот на глобалната побарувачка за нафта, покажува истражувањето на консултантската куќа „Карбон трекер“.



Според истражувањето, Кина за 10 години може да заштеди повеќе од 80 милијарди американски долари годишно од увоз на нафта, благодарение на се поконкурентните возила со погон на новите избори на енергија (НЕВ).

Британските медиуми јавуваат дека истражувањето е засновано на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), кое предвидува дека електричните возила до 2030 година ќе сочинуват 40 проценти од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20 проценти од продажбата во Индија и другите пазари во развој.

Трошоците за увоз на потребната нафта за производство на гориво за просечен автомобил се десет пати повисоки од трошоците за набавка на соларна опрема потребна за производство на струја за напојување на електрично возило, истакнува „Карбон Трекер“ во своето истражување.

Кина се уште нема утврдено кога точно ќе го забрани производството и продажбата на традиционалните автомобили, но неименуван официјален претставник на автомобилската индустрија на почетокот на овој месец изјави дека новите електрични возила до 2035 година ќе претставуваат половина од целокупната продажба на нови автомобили, додека останатите ќе бидат хибридни возила.