Дистрикт бар и ресторан работи со применети мерки и збогатена понуда



Дистрикт бар и ресторан ги отвори вратите и работи со истиот капацитет и целосно применети мерки. Препознатливиот, пријатен и удобен амбиент на ресторанот е прилагоден на сите протоколи и заштитни мерки, што вклучува потребна дистанца, дезинфициенси, но истовремено е усогласен и со потребата за удобност и комоција на гостите.

 

 

 

“Просторноста на ресторанот, како и стандардите според кои и досега работеше Дистрикт овозможија лесно адаптирање на новонастаната ситуација и на барањата од надлежните институции. Со сето она што е дополнето во работата на ресторанот, гостите може да се чувствуваат безбедно, пријатно и да уживаат во целосното Дистрикт искуство”, вели Никола Јордевски, менаџер на ресторанот.

 

 

Како дел од новитетите е и збогатеното мени со изобилство од свежи производи, комплементарност на домашната кујна со локални состојки, но подеднакво автентичен пристап и кон интернационалните кујни.

 

“Изминатиот период го искористивме за да се посветиме и фокусираме на филозофијата на нашата кујна, каде креиравме комплетно мени со внимателно избрани рецепти за чии вкусови ќе се дискутира допрва. Главниот акцент на новото мени на Дистрикт ги истакнува внимателно избраните локални состојки преку кои се стремиме секое јадење да побуди незаборавно искуство и сеќавање на оној кој го вкусува”, вели Кирил Ставрев, главен готвач во ресторанот.

 

Со цел на своите гости да им овозможи комплетно искуство и уживање, Дистрикт бар и ресторан во следните месеци ќе понуди нови и интересни промоции, со кои повторно ќе го овозможи уникатното и несекојдневно гастрономско искуство во центарот на Скопје. Дел од овие промоции ќе бидат деновите за Seafood and Unlimited Bubbles, каде морската храна ќе биде послужена со соодветни пијалаци во неограничена количина, потоа ќе следи и Mediterranean Street Food – посебен ден за инвентивноста и креативноста во посебна форма на оброци високо ценети во медитеранската кујна и Pop-Up Restaurant – промоција што ќе биде комплетно изненадување како во најпознатите светски ресторани, каде јадењата се креирани и приготвени токму за оваа прилика.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*