Димитриеска – Кочоска: Владата дебело лаже за јавниот долг со нереални проекции




 

Владата лаже за јавниот долг, има нереални проекции додека задолжувањата растат, вели Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа вели дека во стратегијата 2021-2025, Владата пишала дека јавниот долг до 2025 ќе биде 58,8% од БДП. Исто така, додава Димитриеска – Кочоска наведуваат дека во периодов на корона криза ќе има отстапување од тој процент.

„Сега БДП за 2020 се пресметува со помал пад од она што ќе биде реално. Тоа понатаму значи дека јавниот долг за 2020 ќе биде повисок од досега проектираниот. Во следните години ќе се опоравуваме многу тешко ама долгот ќе расте забрзано. Имено, во буџетот за 2021 имаат напишано дека капитални инвестиции за 2021-2025 ќе бидат 3,1 милијарди евра од кои 1,84 милијарди од кредити. Можеби математиката е тешка да ја сфатите, но заклучокот е следен: некој дебело нѐ лаже. Или во 2025 нема да имаме јавен долг 58,8% од БДП (не гледам како ќе расте економијата, гледам како ја уништуваат само) туку многу поголем, или 3,1 милијарда евра е само ставено на хартија“, напиша таа на „Фејсбук“.

А најголемата трагедија, додава таа, е што нѐ испозадолжија, ама трошењето на продуктивни работи не се гледа, а ќе враќаат кредити многу генерации во иднина.