Деспотовски: Две третини од компаниите што ги завршија проектите остваруваат приходи и веќе враќаат средства

Компаниите што спровеле проекти финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој веќе остваруваат приходи и вратиле дел од инвестираното во Фондот.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска изјави дека од 35 компании што во периодот од 2015 до 2018 година ги завршиле проектите, две третини од нив веќе остваруваат приходи и почнале да ги враќаат парите.

– Две третини од оние што се завршени, веќе враќаат средства. Веќе имаме наменска сметка на која доаѓаат парите, рече Деспотовски, додавајќи дека тоа е мал процент, но, оти е добро што има ефект од вложените средства.

Додаде дека анализата што ја има направено Фондот укажува дека компаниите што биле кофинансирани го зголемиле приходот за 50 проценти и забележале раст на добивката од 60 проценти.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]