Демократското движење преку видео обраќање на финансискиот експерт Муамед Демири алармира за неконтролираното поскапување на прехранбените производи, каде меѓу другото се истакнува: „Граѓаните на Северна Македонија со право се жалат за неконтролираното поскапување на прехранбените артикли и на тој план веќе имаме вистинска анархија. Се гледа јасно дека актуелната Влада со својата негрижа им го отвори патот на одредени неодговорни трговци, кои имаат целосна контрола над ова зло. Граѓанските корпи се се попразни, ограничени само на оние производи кои се неопходни за егзистенција. Зголемувањето на сиромаштијата е показател за влошување на состојбата, што може да резултира и со други последици, како што е се поголемиот егзодус на младите, кои бараат решение надвор од Северна Македонија“.
Демократското движење оценува дека Владата треба итно да се насочи кон менаџирање на оваа состојба со контрола на цените на најпотребните прехранбени производи а не да се занимава со непотребни и скапи активности.
„Најавеното заскапувањее на лебот во септември ќе биде додатно уште еден голем удар за тенкиот буџет на граѓаните, додека сиромаштијата уште посилно ќе тропа на нашите врати“, велат оттаму.