Делфи Форумот во Скопје


– Економскиот Форум од Делфи, во соработка со Грчка Бизнис Асоцијација од Северна Македонија, во среда, на 23 јуни 2021 година, во хотелот Александар Палас во Скопје го организира Првиот економски Форум во Скопје на тема „Поставувајќи ги темелите за стабилност и просперитет во Северна Македонија“.


 

 Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.

 Меѓу учесниците се премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, на заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за финансии и економија на Албанија, министрите за економија и животна средина на Северна Македонија, генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Словенија, генералниот секретар за надворешни работи од Грција надлежен за меѓународни економски односи, европскиот комесар за соседство и проширување, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, претседателот на Здружението на индустрии на Грција, претседателот на американската комора во Северна Македонија, шефот на World Bank за Северна Македонија, градоначалникот на Скопје и др.

Панел дискусиите на Форумот ќе се фокусираат на следните прашања:

во Северна Македонија

  • Стабилноста и соработката во регионот на Балканот
  • Исполнување на ветувањето на Европската Унија
  • Економскиот развој на Северна Македонија по пандемијата
  • Бизнисите во Северна Македонија: конкурентност, финансирање и регулаторна рамка
  • Странски инвестиции во Северна Македонија
  • Инфраструктура, енергија и туризам за долгорочен просперитет
  • Паметни градови и одржлив развој
  • Односите Америка- Северна Македонија по изборот на Бајден

Следењето на форумот е бесплатно, со пријавување овде, а програмата е достапна тука.

Организатор: Делфи економски Форум

Сребрени спонзори: EVN, Hill International, M6 Investments, Titan Cementarnica Usje

Поддржувач: Granit, Mermeren, Egna Law Firm, Sparkasse Bank, Brako

фото: извор