Дали ќе се опорави туризмот?



ript>

Во историјата на човештвото катастрофите каако Ковид 19  радикално го менуваат однесувањето, како и општеството со неговите секојдневни навики.


 

Студиите за управување со катастрофи се фокусираат на хаос, излегување од контрола и страв. Историјата на пандемии и вируси ја разоткрива човечката ранливост.

Пандемијата на коронавирус не само што имаше значително влијание врз јавното здравство, туку и сериозно влијаеше на еден од основните столбови на глобалната економија – туристичката индустрија.

Глобалната пандемија зарази повеќе од 150 милиони луѓе и предизвика смрт на повеќе од 3 милиони жртви.

Туристичката индустрија, како и современите транспортни центри станаа  главен „носител на вирусот“ – со мешањето на народите од различни држави и внесувањето вирус од болен патник.

Во текот на последните години, британската социологија го споменува поимот туристички поглед кој делува како социолошки диспозитив.

Туристичкиот поглед ја покажува културна матрица на една земја. Глобалните туристи се вклучуваат во комплексна машина за трошење која го дели светот на два дела: безбедни и несигурни места.

Пандемијата со Ковид сите нас не втурна кон феудализиран свет каде што туристичката визија го поставува темпото на исплашен народ. Ова значи дека туристите не се карактеризираат само како потенцијални носители на смртоносна болест, туку и како непосакувани гости.

Соседот се сметаше за потенцијален непријател што го загрозува општествениот поредок. Се поставува прашањето, дали ќе исчезне ваквиот скептицизам?

Во западната логика, можеби кинеските туристи неправедно се етикетирани како носители на Ковид.

Сето ова води кон геополитички тензии меѓу народите и пад на целиот бизнис сектор кој се однесува на туризмот.

За потсетување во 2020 година, се проценуваше дека глобалните приходи од индустријата за патувања и туризам ќе се намалат од предвидените 711,94 милијарди американски долари на 568,6 милијарди американски долари, што претставува пад од над 20 проценти.

Регионот предвидуваше најголем пад на приходите во Европа, намалувајќи се од 211,97 милијарди американски долари во 2019 година на приближно 124 милијарди американски долари во 2020 година.

Водечката бариера за глобалното патување, заклучно со почетните месеци од 2021 година, беше законодавството и ограничувањата на владата.

Во анкетите спроведени на Балканот за 2021 година, над 60 проценти од патниците изјавуваат дека сместувачките капацитети треба да ги користат најновите технологии, за тие да се чувствуваат безбедно.