Цената на бензините не се менува, поскапува само Екстра лесното масло за домаќинство


Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА

– Цените на горивата остануваат исти, а за два денари од полноќ се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

 

 

Според оваа одлука, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.

Цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, дизелот и Мазутот не се менуваат. Така, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 81,50 денари за литар, Еуросупер БС по цена од 83,50 денари за литар, дизелот за 82,50 денари за литар, а мазутот по цена од 51,599 денари за килограм.

Корекцијата на цените е направена затоа што беа исполнети предусловите. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.