Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Generalen Izvrsen direktor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со специјален настан на кој присуствуваа околу 170 лица Цементарница УСЈЕ го обележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Компанијата посветува големо внимание за безбедноста и здравјето на своите вработени. Оваа областа е еден од основните принципи на секојдневното функционирање на УСЈЕ, на чија имплементација му се посветува огромно внимание преку континуираната едукација и подигнувањето на стандардите.

На настанот во УСЈЕ, покрај вработените во компанијата, присуствуваа и претставници на институции, академската заедница и специјализирани организации и претставници на компанискиот синдикат. Во рамките на настанот презентации одржаа главниот извршен директор Константинос Николау, техничкиот директор Гоце Цветковски, како и менаџерот за безбедност и здравје при работа.


Директорот Николау, потенцирајќи ја важноста на оваа тема, истакна дека безбедноста и здравјето при работа е еден од основните принципи и цели на компанијата и е дел од компаниските вредности. Техничкиот директор Гоце Цветкоски ги презентираше достигнувања низ годините, додека менаџерот за безбедност и здравје при работа ги презентираше активностите кои ја потврдуваат посветеноста на компанијата во однос на безбедноста и здравјето при работа на вработените во УСЈЕ. На вработените кои дадоа особен придонес за подигнување на стандардите во оваа област им беа доделени награди, и тоа за индивидуален и за тимски придонес.

На настанот гостин беше и директорот на регионот за Албанија, Косово и Северна Македонија Марио Браци.

УСЈЕ во континуитет работи на подигнување на стандардите за безбедност и здравје при работа. Во текот на целата година се организираат обуки, тренинзи и други форми на едукација за вработените, а во оваа насока компанијата соработува со низа релевантни институции, специјализирани во оваа област.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK