Царинска управа: Поткомитет со ЕУ за царина нотира добар напредок во спроведување на реформите

carinska-uprava

На состанокот од страна на претставниците од Европската Комисија, како што информираат од Царинската управа, бил истакнат добриот напредок на Царинската управа во спроведување на реформите.

Во моментов, како што потенцира директорката, Царинската управа работи на имплементација на нови ИТ системи со што ќе се подобрат услугите за економските оператори, а воедно ќе се овозможи и поефикасна наплата на приходи, поефикасни контроли и сузбивање на сивата економија. Притоа, Кутиров нагласи дека неодамна се воведени и таканаречените „Зелени царински декларации“, со коишто царинската постапка автоматски се завршува во рок од еден час.

На поткомитетот се дискутирало и за мерките коишто беа имплементирани од страна на Царинската управа за справување со кризата предизвикана од пандемијата. Така, со цел обезбедување непречен проток на стоки, воспоставени се т.н. „Зелени коридори“ на граничните премини Табановце – Прешево, Ќафасан – Ќафтане, а од јули годинава и на преминот Богородица – Евзони, за стоки кои излегуваат кон Грција.   Како дел од активностите за олеснување на трговијата преку регионална соработка, по потпишувањето на протоколите за меѓусебно признавање на компаниите со статус Овластен економски оператор – ОЕО со Србија и неодамна со Албанија, интензивно се работи на нивна имплементација во пракса, со цел да се овозможат дополнителни бенефити за овие компании при спроведување на царинската постапка. Воедно било потенцирано дека нашата држава е целосно подготвена и за меѓусебно признавање на овој статус со европските земји и приклучување во европскиот ОЕО систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn