Бугарската такса ќе ја зголеми за 20 oтсто цената на струјата кај нас, Ковачевски реагирал кај Фон дер Лајен не се воведува

Бугарската-такса-ќе-ја-зголеми-за-20-oтсто-цената-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Буграската такса за рускиот гас е нешто што не треба да биде воведено, вели премиерот Димитар Ковачевски. Ваквиот став го пренел и на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, а реакции за таксата за рускиот природен гас имал и министерот за економија Крешник Бектеши.


„И ја си министерот за економија реагиравме во ЕК, јас преку претседателката на Европската комисија тој преку соодветните директорати, дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведено. Целокупниот капацитет на влезната страна кон Северна Македонија е даден од страна на Бугарија на ‘Гаспром’, што значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплување кај нас до 20 %. Затоа побаравме да се ослободи капацитет, за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори за гас кој нема да биде руски и нема да биде дополнително оптоварен со оваа такса“, рече премиерот Ковачевски.

Тој извести дека во моментов се водат разговори и на ниво на Европска Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да се ослободи капацитети за Македонија. Ковачевски потсети дека минатата година во преговори, исто така со Европската комисија и Бугарија, успеале да ослободат капацитет за набавка на гас кој не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“ и се надева дек аи оваа година ќе успеат да се договорат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK