Брегзит без договор ја загрижува Холандија поради цвеќето


Хина – Загреб

11 јануари 2019

Секој ден флота на вилушкари ги разместува сандаците со лалиња, рози, хризантеми и илјадници други видови на цвеќе во најголемиот светски цветен пазар Алсмер, во близина на Амстердам.

Главниот оперативец на холандската компанија „Ројал Флора Холанд“, Име Пасма будно внимава на работниците, кои го сортираат цвеќето пред да го упатат кон дестинации низ цела Европа.

Но, таа добро организирана операција, каде што роботската прецизност се спојува со безбројните бои и мириси, се соочува со најтешкиот предизвик досега – Брегзит.

– Се подготвуваме за разни пречки. Најлошото сценарио би било Брегзит без договор, но се подготвуваме и за тоа, вели Пасма.

Холандија е позната по своите лалиња, а цветната индустрија е витален дел на нејзината економија со седум милијарди евра годишна потрошувачка.

Велика Британија, со удел од 850 милиони евра, е трет најголем пазар за холандското цвеќе, по Германија и Франција.

Но, политичкиот хаос, кој се создава околу британскиот излез од Унијата, кај многу претприемачи предизвикува загриженост поради потенцијалните негативни деловни последици.

Никаде тој проблем не е толку изразен како кај индустриите чии производи мора да останат свежи.

– Тоа е свеж производ што треба да остане таков еден ден, два додека не стигне до клиентот, вели Пасма.

Поради Брегзит, дел од тоа цвеќе, без разлика дали за вазни во куќи, свадбени букети или нешто трето, може да заглави на граница.

– Заедно со индустријата за овошје и зеленчук работиме на создавање на „зелена линија “, еден вид на царинење и прилагодување однапред, така што нашите камиони, кога ќе пристигнат на пристаништето, да имаат посебна линија за итно товарење, вели Пасма.

– Го подготвуваме тоа две години, но не сме сигурни каков ќе биде политичкиот расплет. Чекаме одлука за да можеме навистина да почнеме да работиме на решение, додаде тој.

Поради традиционално блиските трговски врски со Велика Британија, Холандија е меѓу земјите кои најмногу ги загрижува Брегзит.

Холанѓаните проценуваат дека Брегзит без договор би можел да ги чини околу 2,3 милијарди евра до 2023 година, а  во цветната индустрија веќе го чувствуваат тоа.

– Веќе гледаме дека работите се менуваат. Поради девалвација на фунтата, луѓето во Велика Британија трошат помалку на цвеќе во евра, вели Пасма.

На долг рок, сепак, тој е оптимист. – Луѓето во Велика Британија и натаму ќе ставаат цвеќиња на масите, а тоа и натаму ќе пристигнува од Холандија, вели тој.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*